За време на Microsoft Ignite 2024 можеше да се види новина која од компанијата ја планираат за Windows 11, а оди во правец на олеснување на одредени активности за корисниците.
Конкретно, се работи за додавање на таканаречени „придружници“ на долната лента и на Старт менито преку кои корисниците ќе можат лесно да дојдат до своите контакти, датотеки и календарот.
Начинот на којшто ќе се прикажуваат овие придружници не е до крај јасно се’ уште, па се верува дека тие ќе бидат или додадени кај Старт менито како што беше додадена Phone Link апликацијата или слично како што порано беше интегрирана Teams апликацијата во долната лента.
Како и да е, целта е да корисниците имаат брз пристап до нивните контакти, датотеките на кои работат, како и закажаните состаноци во календарот, без потреба од отворање на посебните апликации за ова.
Сликата од настанот на која се гледа како е можно да изгледаат Microsoft 365 Companions е достапна на The Verge.