Во рамките на Ignite 2024 конференцијата која се одржува оваа недела, Microsoft претстави нова функција која доаѓа благодарение на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели.
Се работи за функцијата наречена Copilot Agents и истата е замислена да им ја олесни работата на корисниците во делот на задачи кои се повторуваат.
Како пример може да се земат задачите како испраќање на порака до вработените за извршените задачи во текот на неделата секоја недела. Copilot Agents може да се користат за сумирање на комуникација, на состаноци и слично, а примерите се доста и им се познати на корисниците на кои една ваква функција ќе им се погоди доста.
Во рамките на конференцијата Microsoft најави и подобрувања на веќе постојните Copilot функции, како додавањето на ВИ „агенти“ во SharePoint, подобрување на можностите во Excel и Outlook и слично.
Новата Copilot Actions функција е пуштена како тест за ограничен број на корисници, па во иднина може да се очекува за сите.