Фото: Shutterstock.com

Практиката на Google да прави договори за кои им плаќа на компаниите нивниот пребарувач да биде главен, нивните апликации да бидат пред-инсталирани на Android, како и договорите со операторите, им донесе проблем со Министерството за Правда. Од министерството бараат растурање на компанијата, односно Google да ги продаде Chrome и Android. 

Google излегоа со одговор на ова барање со предлози како да се решат истакнатите проблеми кои ги имаат од министерството со компанијата. 

Предлозите од Google може слободно да се каже дека се очекувани и истите не нудат некоја драстична промена на практиките. Од компанијата во основа предложуваат да продолжат со можноста да прават договори со компаниите за нивните производи и сервиси, но тоа да функционира со поголема флексибилност. 

Со право од компанијата истакнуваат дека договорите со организации како Mozilla претставуваат доста клучен извор на финансии за истите. 

Компаниите сега би имале простор да избираат различни сервиси и апликации зависно од платформата, односно би се намалил опфатот на договорот. 

Исто така, компаниите ќе можат да пред-инсталираат повеќе пребарувачи и апликации на нивните телефони, односно договорот кои го имаат со Google нема да ги тера нивните апликации да бидат ексклузивни. 

Компаниите би имале можност да ги инсталираат апликациите од Google кои тие ќе одлучат, односно договорот нема да ги тера да мораат да ги вклучат сите апликации од Google. 

Иако ова изгледа како малку, сепак изгледа дека треба да е доволно за намалување на строгата ексклузивност која Google обично ја договара. Тие добро истакнуваат дека компаниите не ги прават договорите од што мораат, туку дека нивните сервиси и производи се навистина подобри. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft ги тестира првите Companions функции најавени за Windows 11
Следна статијаHonda и Nissan го потврдија спојувањето на двете компании кое би се случило до август 2026
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.