Порано од обично, Android 13 излезе од својата бета фаза и им стана достапен на корисниците на Pixel уредите од Google минатиот месец. Дали ова значи дека и останатите корисници можат да очекуваат порано нивниот телефон да биде надграден на Android 13, останува да видиме во месеците што следат.

Samsung исто така ја пушти својата бета верзија од One UI 5.0, направена на основа на Android 13, порано, па со тоа почнаа очекувањата дека и Samsung ќе ја пушти финалната верзија порано.

Според информациите, неколку уреди од компанијата ќе ја добијат One UI 5.0 верзијата пред крајот на годината. Тие уреди очекувано се Galaxy S21 и Galaxy S22 сериите, Galaxy Z Fold3 и Fold4, како и Galaxy Z Flip3 и Flip4 уредите.

Тоа што се најавува како мала промена од стандардната практика е пуштањето на One UI 5.0 надградбата и за Galaxy A53 пред крајот на годината, наместо дури идната.

Ова би била првата серија од пониската класа да ја добие новата верзија од оперативниот систем порано во периодот кога истата ја добиваат уредите од највисоката класа.

Први се очекува да ја добијат One UI 5.0 надградбата корисниците на Galaxy S22 серијата, а најверојатно почнувајќи од 17 или 19 октомври.

Оваа нова верзија, која е направена на основа на Android 13, не донесува нешто посебно голем број на новини, па се работи за надградба која ги продолжува дел од започнатите работи со минатата верзија. Тоа значи дека колку и да чекате, не останувате без некои целосно нови и интересни новини.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаКолку е издржлив новиот Apple Watch Ultra во екстремни ситуации
Следна статијаIngram Micro: Над 100 ИТ експерти од Македонија, Косово и Албанија на вмрежување во Охрид
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.