20141121_200253_100

Kако обичен корисник на оперативниот систем ова не ви прави некаква разлика, но можеби имате забележано и прашувано зошто верзиите од Windows не ги носат истите бројки како нивното маркетиншко име. Поточно, Windows Vista ја носи верзијата 6.0, Windows 7 – 6.1, Windows 8 – 6.2 и Windows 8.1 – 6.3. Тест верзија од Windows 10 го продолжува истиот принцип на означување на верзиите, па кај овој оперативен систем стои верзијата 6.4.

Според информациите објавени на кинеската страна ITHome, Microsoft планира да ја прекине оваа практика на користење на верзиите и истата да ја направи во склад со верзијата од оперативниот систем. Тоа значи дека верзијата на Windows 10 кога ќе биде официјално достапен и во позадина ќе биде означена со бројката 10, проследена со моменталната верзија, односно build.

Инаку верзијата која што стои во позадина ја означува верзијата на Windows NT кернелот. Оваа верзија е важна за апликациите кои што се користат на оперативниот систем кои што имаат своја компатибилност. Најголем проблем со компатибилноста обично се јавува кај бизнис корисниците кои што имаат свои апликации за корисниците од нивната компанија.

Windows вклучува можност како апликациите направени за постара верзија од оперативниот систем да ја добијат нарочно погрешната верзија на системот на кој што се инсталирани, меѓутоа компаниските апликации ретко се наоѓаат на листата на апликации кои што автоматски ќе бидат прилагодени.

Доколку една апликација е направена за одредена верзија од оперативниот систем, нејзино инсталирање на друга обично предизвикува проблеми со компатибилноста, па апликацијата не може да функционира. Поради ова од Microsoft имаат решено главната верзија од оперативниот систем да остане иста, а да се менува само помалата, односно бројката после децималата со секоја нова верзија.

Во Windows 8.1 како и да е, овој проблем е решен преку давање на информација на оперативниот систем дека е постара верзија. Апликациите ќе треба самите да ја дадат информацијата за која верзија се направени, па така тие што се направени за најновата верзија ќе треба тоа да го нагласат. Со тоа само апликациите кои што се направени за новата верзија од системот ќе ја добијат неговата вистинска верзија, додека другите ќе можат да останат компатибилни без разлика на нивната верзија.

Ваквиот начин на работа се очекува да продолжи и во Windows 10, со што се овозможува верзијата на кернелот да ја носи истата верзија со оперативниот систем. Тоа нема да им направи разлика на обичните корисници, меѓутоа веќе нема да треба да се чудат зошто нивниот Windows 8 ја носи верзијата 6.2 и слично.

Извор: ArsTechnica, The Verge

Претходна статијаCERN ги отвора податоците собрани од LHC за јавноста
Следна статијаCortana има повеќе можности од само поголемата Siri, според новата реклама од Microsoft
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.