cortana-vs-siri-1

Microsoft продолжува со претставување на реклами каде што ги споредува своите производи и сервиси еден до друг со конкурентите. Се разбира производите на Microsoft секогаш излегуваат како победници, но сепак тоа не секогаш значи необјективност, туку едноставно истакнување на одредени предности.

Овој пат се работи за споредба помеѓу Cortana и Siri кои работат на Lumia 830 и iPhone 6 Plus. Во рекламата се истакнати неколку работи кои што Cortana може да ги направи за разлика од нејзиниот конкурент. Siri цело време одговара дека не може да ги направи тие работи и дека таа е само поголема, мислејќи се на тоа што работи на нови и поголеми уреди.

Она што според рекламата Cortana може да го направи е да постави потсетници врз основа на тоа кој ве има побарано или испратено порака, како и информации за сообраќајот.

Рекламата можете да ја погледнете во продолжение.

Претходна статијаKernel верзијата во Windows 10 ќе ја носи истата бројка со оперативниот систем
Следна статијаMeizu MX4 Pro – феноменален телефон од Кина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.