lhc_long_1

Европската организација за нуклеарно истражување, односно најдобро позната под кратенката CERN, го претстави Open Data Portal и со тоа ги отвори за јавноста сите нивни податоци од извршените експерименти. Како што знаете CERN го имаат најголемиот забрзувач на честички кој што е наречен LHC (Large Hadron Collider).

LHC е направен под земја во форма на тунел со должина од 27 километри во круг со длабочина од 175 метри. Проектот е направен со учество на повеќе од 10.000 научници од 100 земји. Целта на овој проект е да ги тестира предвидувањата на повеќе теории од областа на физиката за елементарните честички меѓу другото, како и познатата потрага по честичката наречена Хигсов бозон.

Информациите кои што се собираат од овој проект се во огромен број и тие претставуваат уникатна можност за многу истражувачи во светот кои што немаат друг начин да пристап до ваков вид на информации. Податоците од истражувањата ќе бидат достапни на отворениот портал 3 години од официјалното извршување на експериментот. За тој период информациите ќе бидат собрани и организирани за корисниците да можат да ги користат.

Првите информации кои што ќе бидат достапни преку отворениот портал се од Compact Muon Solenoid (CMS) експериментот од 2010 година. Овој експеримент може да се каже дека има интересна задача на откривање на Хигсовиот бозон, дополнителни димензии, како и честички од кои што може да е составена темната материја.

CMS_Under_Construction_Apr_05

Заедно со отворањето на информациите за јавноста, од CERN ќе биде достапен и open source софтвер кој што е наменет за читање и анализа на податоците.

Правењето на достапни на овие податоци покрај тоа што ќе им користи на многу истражувачи и научници во светот, исто така ќе може да се користи и од страна на образовните институции кои што ќе можат да имаат ваков уникатен извор на информации.

Извор: CERN, Symmetry Magazine

Претходна статијаGoogle, посвој не!
Следна статијаKernel верзијата во Windows 10 ќе ја носи истата бројка со оперативниот систем
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.