Функцијата за диктирање, односно за гласовно пишување на текст кај iPhone се покажа дека има проблем со препознавање на некои зборови како што треба, а ќе видиме дали тоа е грешка или нешто намерно. 

Во неколку видеа кои беа објавени оваа недела може да се види дека кога корисникот го кажува зборот „racist“, привремено се прикажува зборот „Trump“ пред истиот да биде точно напишан како што е кажано. 

Објаснувањето од Apple е дека двата збора се слични фонетички, односно имаат преклопување, па поради тоа доаѓа до погрешното пишување и препознавање на кажаниот збор. 

Според The Wall Street Journal до слична забуна доаѓа и при кажување на зборовите „rampant“ и „rampage“, што може да оди во прилог на објаснувањето од Apple, па зборови кои ја имаат буквата „р“ можно е да прават проблем. 

Сепак, според поранешниот вработен во Apple, Џон Бурки, големи се шансите да се работи за намерно вметнување на оваа промена или во кодот или во податоците за тренирање на системот. 

Не би ме изненадило да некој вработен кој не е баш среќен што компанијата има добри односи со претседателот Трамп, да го има направено ова намерно, а слични примери имаме видено, односно реакциите на некои луѓе на победата на Трамп се екстремни.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаGoogle ќе престане да користи SMS пораки за автентикација на сметките
Следна статијаМакедонски Телеком ја заврши 2024 година со одлични финансиски резултати, раст и лидерство
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.