mac-iphone-1

Apple оваа недела пушти надградби за своите два оперативни системи, односно мобилниот iOS и десктоп OS X El Capitan. Надградбите се мали, односно не донесуваат некои нови функционалности, а истото може да се види и од бројките на верзиите до кои што се донесени. iOS е надграден на верзијата 9.2, додека OS X El Capitan на верзија 10.11.2.

Двата оперативни систем беа достапни за тестирање во бета верзија, за програмерите и за обичните корисници пред пуштањето на финалните верзии. Промените во нив во главно се околу подобрување на перформансите и исправка на багови и пријавени грешки од корисниците.

OS X 10.11.2 покрај подобрување на перформансите, донесува подобрувања во некои од достапните апликации или функции, односно новата верзија вклчува:

  • Подобрување во стабилноста и сигурноста на Wi-Fi
  • Подобрување на Handoff и AirDrop функциите
  • Исправка на проблем кој што може да предизвика исклучување на конекцијата со Bluetooth уреди
  • Исправка на проблем на Mail апликацијата поврзан со бришење на пораки на Exchange сметки
  • Исправка на проблем при префрлување на слики од iPhone на Mac преку USB
  • Подобрување на споделувањето на Life Photos сликите со iCloud

Промените во iOS 9.2 исто така не се големи и значајни за обичниот корисник, а дел од нив вклучуваат:

  • Подобрувања во Apple Music апликацијата
  • Нов Top Stores дел во News апликацијата (достапен во одредени земји)
  • Mail Drop функција во Mail за испраќање на поголеми прикачени фајлови
  • Поддршка за 3D Touch и слушање на е-книги при прелистување на содржината во iBooks
  • Поддршка за USB Camera Adapter на iPhone за префрлување на слики и видеа
  • Подобрување на стабилноста во Safari и Podcasts апликациите
  • Исправка на проблем за кирилични тастатури кој предизвикува вклучување на caps lock при внесување на текст во лентата за адреси и слично

Целосната листа на промени во iOS 9.2 можете да ја видите на следниот линк.

Како и обично, надградбата на новите верзии може да се направи преку вградените системи за ажурирање во самите оперативни системи, како и преку iTunes со поврзување на телефонот со компјутерот.

Извор: Apple (1), (2)

Претходна статијаРусија го гради најголемиот податочен центар кој ќе работи на нуклеарна енергија
Следна статијаНајнов тренд за 2015 – Именување на децата по Instagram филтер
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.