Согласно најновите законски одредби во Русија, компаниите кои оперираат на нејзина територија и со личните податоци на руски државјани мораат да ги чуваат овие информации на сервери кои се наоѓаат на нејзина почва. Овој закон беше донесен на сила како мерка за заштита на личните податоци и на здравјето на дигиталните системи ширум земјата, особено откако се „раскараа“ со САД околу неколку светски проблеми како масовното шпиунирање на повеќе од половина свет од страна на NSA, Украина, Сирија, Грузија и сл.
Компаниите како Facebook и Google сега имаат задача да ги префрлат личните податоци на руските корисници на серверите во земјата или да трпат казни, па дури и забрана за работа. Тоа значи дека бизнисот за податочни центри ќе цвета и на еден начин веќе цвета.
Руската државна компанија за нуклеарна енергија Росенергоатом започна со изградба на податочен центар кој ќе биде изграден во склопот на нуклеарната централа Калинин, која пак се наоѓа во областа Удомља во европскиот дел на Русија. Кога ќе се земе предвид дека енергетската потрошувачка на податочниот центар треба да биде околу 80 мегавати ова воопшто не е чудно, но е сепак далеку од 4.000 МВ капацитет на целата централа.
Целиот центар ќе има капацитет од 10.000 рамки за сервери што е навистина огромен број. Само 10% од капацитетот ќе биде искористен од Росенергоатом, а останатите 90% ќе бидат изнајмувани на приватни компании за нивните потреби. Цената на проектот е околу 6,4 милијарди рубљи или 975 милиони долари, и тоа без да се вклучи ИТ инфраструктурата. Би додале дека треба да биде доста успешен земајќи ги предвид измените во законот и забрзаниот технолошки развиток во оваа земја.
Иако сме навикнати да гледаме пост-комунистички сивила од земјите од поранешниот СССР, Русија изгледа дека целиот овој период забрзано и криптично ита напред со својот развиток и се бори со ривали како САД, Германија и Кина во напредокот на напредна технологија.
Извор: Data Center Dynamics, Gizmodo, Engadget, Telecom Daily