Apple ја претстави најновата верзија од iOS оперативниот систем, iOS 9 во јуни оваа година, по што стана достапна за тестирање од страна на програмерите. Како што беше и најавено, оваа верзија требаше да стане достапна во својата финална верзија за сите корисници по претставувањето на новите уреди од компанијата.
За време на вчерашниот настан беа преставени новиот iPad Pro споредуван со Surface, нова генерација од помалиот iPad mini 4, како и новите iPhone 6S телефони со одличната 3D Touch технологија. Логично, овие уреди ќе дојдат со инсталиран iOS 9, а достапноста за останатите компатибилни уреди беше исто така најавена.
Надградба на iOS 9 корисниците ќе можат да направат почнувајќи од 16ти септември. Истата ќе биде достапна за сопствениците на iPhone, iPad и iPod Touch, односно за корисниците на iPhone 4s или понов, iPad 2 или понов, iPad mini и понов, како и петата и шестата генерација на iPod Touch.
iOS 9 треба да зазема помалку простор за разлика од претходната верзија која што предизвика проблеми кај одредени корисници.
Новините во iOS 9 беа најавени при претставувањето на оперативниот систем, а за нив можете да прочитате тука.