icloud_photo_library_large

Од оваа недела достапни се нови верзии од двата оперативни систем развивани од Apple, iOS и OS X Yosemite. Се работи за помали надградби, како што може да се види и од бројките на верзиите, меѓутоа сепак има неколку нови работи кои што вреди да се споменат.

iOS 8.3 доаѓа со подобрувања на перформансите и исправка на повеќе багови и грешки пријавени и откриени во претходната верзија. Главната новина во оперативниот систем се новите emoji икони кои се користат во апликациите за пораки и слични. Тие доаѓаат со нов избор, поточно 300 нови икони, како и можност за промена на бојата на кожата на истите.

emoji_fff

Главната надградба на OS X е претставувањето на најавената нова Photos апликација која што ги заменува досегашните iPhoto и Aperture. Новата апликација е направена во стилот на мобилната, доаѓа со поедноставен кориснички интерфејс и најважното, синхронизација на сликите во облакот, а со тоа и со другите уреди.

Photos апликацијата е поделена во четири категории, односно табови за сите слики, албуми, споделени слики, како и можност за печатење на избраните албуми за кои што од Apple ќе овозможат избор на дизајни.

Покрај Photos апликацијата, новата верзија на OS X ги вклучува и новите emoji икони од iOS, сигурносни подобрувања на Safari, како и исправки на одредени проблеми со безжичните мрежи.

Новите верзии од оперативните системи се достапни преку самите уреди, односно функциите за надградба на истите и можете да ги симнете.

Извор: Cnet, ZDNet, TNW

Претходна статијаСончевите затемнувања ќе ги „снема“ во далечната иднина
Следна статијаПознатиот UC Browser доаѓа на Windows десктоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.