nexus2cee_kb-728x572

Можеби голем дел од корисниците не ја користат тастатурата на Android која доаѓа со овој оперативен систем, меѓутоа истата е значително подобрена во последните верзии, а најновата дури донесува можност за избор од повеќе теми, односно изгледи на тастатурата.

Причината поради којашто не сите корисници ја користат Google Keyboard е поради тоа што повеќето производители додаваат свој „скин“ од Android, а заедно со тоа и сопствена тастатура.

Сепак, не е мал бројот на корисници кои ја користат основата верзија од Android, како и вградената тастатура од Google. За нив најновата верзија од апликацијата донесува новости кои ќе бидат достапни во Android N, односно Nougat, па нема да мора да чекаат додека нивниот уред биде надграден на оваа верзија.

google-keyboard-themes

Ова е една од предностите што Google почна системските апликации, како што е тастатурата, да ги прави како посебна апликација, па не е потреба надградба на целиот оперативен систем за да корисниците добијат нешто ново.

Инаку, главната новина во новата верзија од Google Keyboard е што корисниците конечно ќе може да изберат од повеќе изгледи, односно бои на тастатурата. Досега беа достапни само светлата и темна сива боја.

Корисниците ќе ја добијат новата верзија преку Play Store, меѓутоа истата ќе биде постепено пуштана, па немојте да се изненадите доколку за вас се’ уште не е достапна.

Извор: Android Police, PCWorld

Претходна статијаНовиот Moto E има поголем 5 инчен HD дисплеј, водоотпорност и исклучително ниска цена
Следна статијаКако да користите „две нивоа на верификација“ за подобра заштита на вашите онлајн сметки?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.