CmNf5E2WYAATmg_

Именувањето на Android N испадна досега најинтересен процес, поради подолгиот период на чекање, но и оставањето заедницата да дава свои предлози за кои потоа не беше јасно дали навистина ќе бидат земени во предвид.

Како и да е, името на најновата верзија од овој оперативен систем е официјално објавено и тој ќе се вика Android Nougat.

Новото име било соопштено од страна на Google во нивниот кампус во Калифорнија преку Snapchat, а исто така е официјално потврдено преку Twitter.

Името и на оваа верзија, како што и се знаеше дека ќе биде, е во стандардниот стил на именување на платформата според одреден десерт.

Повеќе за досега објавени информации за карактеристиките на Android Nougat, кој ќе стане достапен за корисниците од есен, можете да прочитате тука.

Извор: Android Central, Twitter, TNW

Претходна статијаFacebook претстави ново лајк копче и екстензии за Google Chrome
Следна статијаWindows 10 Anniversary Update за мобилните ќе биде достапна заедно со десктоп верзијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.