Universal-Keygen-Generator-2015-Full-Version-Free-Download1

Информацијата извадена од “EULA” за новиот Windows 10, дека оперативниот систем ќе го блокира секој софтвер кој е пиратски, ги загрижи нашите корисници на компјутери. Но, дали навистина ќе ги загубите пиратските игри и програми? Секако дека не.

Windows 10 навистина ќе овозможи поголема заштита на дивелоперите на софтвер за платформата, што е и очекувано, бидејќи доколку не е така, тешко кој и воопшто би сакал да програмира за оперативниот систем, нели?

Затоа, за секоја апликација инсталирана преку Store, односно продавницата за модерни апликации во Windows 10, има заштита од пиратерија, односно доколку ја инсталирате од друго место, можете да бидете сигурни дека ќе ви биде блокирана.

Исто така, сите програми и сервиси на Microsoft, како Office, подлежат на проверка од оперативниот систем, што е исто така нормално, бидејќи и тие сакаат да ги заштитат своите производи.

Сепак, за секоја игра или програма што ја имате инсталирано од интернет (шшш торент) и е пиратска, Windows 10 нема да врши проверка и нема да ја блокира, освен ако нема вирусна закана од типот на “malware” или “spyware”.

Причината зошто Windows 10 не може да ви ја блокира програмата, односно играта, е што тој не ги контролира надградбите на стариот тип на програми. Тоа го прават самите дивелопери на софтверот. Затоа, доколку сте загрижени дека ќе бидете „фатени“ дека користите пиратска верзија, знаете дека тоа ќе биде од производителот на самата програма.

Извор: The Verge, Game Spot

Претходна статијаКанадска компанија патентираше дизајн за 20 километарска кула
Следна статијаAndroid 6.0 Marshmallow е официјалното име на најновата верзија на Android