Google ја претстави наредната верзија од Android оперативниот систем при крајот на мај оваа година. Тогаш наречена само Android M, стана достапна за тестирање од страна на програмерите.
Оваа верзија од Android нема да донесе нешто многу што се однесува до нови функции и суштински промени. Затоа истата ќе биде полна со исправки на багови и грешки, како и значително подобрување на перформансите. Повеќе за најавените новости во Android M можете да прочитате тука.
Оваа недела Google го објави официјалното име, како и бројот на Android M. Оваа верзија ќе го носи бројот 6.0 и ќе биде наречена Marshmallow.
Програмерите исто така оваа недела можат да ја инсталираат последната preview верзија од Android M, а исто така достапна е и официјалната Android 6.0 SDK алатката за програмерите.
Од Google истакнуваат дека програмерите веќе можат да ги развиваат и тестираат своите апликации за Android 6.0 Marshmallow до официјалното пуштање на финалната верзија од оперативниот систем.
Извор: Android Developers, Engadget, Droid Life