После информацијата дека Windows 10 ќе биде достапен за компјутерите со ARM чипови, еве уште еден удар за x86 процесорите на Intel и AMD. Имено, според некои информации, Apple спрема ARM чипови за своите MacBook лаптопи, што и не е толку тешко за верување, бидејќи истите такви чипови кои се наоѓаат во нивните iPhone и iPad Pro уреди се веќе многу близу до перформансите кои ги нудат Intel Core чиповите, притоа трошејќи многу помалку енергија.

Во актуелните MacBook Pro лаптопи веќе има ARM чип, но тој се користи само за покренување на Touch Bar и за Touch ID сензорот за читање отпечатоци. Наречен T1, тој е истиот чип од Apple Watch 2 паметниот часовник. Овој чип функционира заедно со Intel Core процесорите, кои се наменети за работа со оперативниот систем и апликациите.

Според Bloomberg, набрзо Apple би можел да вгради и помоќен T310 ARM чип, кој не само што ќе ги покренува Touch Bar и Touch ID, туку ќе може и да синхронизира податоци во позадина, како на пример email, прикачување на сликите на iCloud и дури правење Time Machine бекапи. Ова може драматично да го подобри траењето на батеријата – x86 чиповите не се особено ефикасни во вршењето на лесните задачи и трошат непотребно многу енергија.

Сепак, иако горе најавив дека Apple би можел целосно да се префрли на ARM чиповите, не очекувајте тоа да се случи одеднаш. Mac OS е оперативен систем кој е развиен исклучиво за x86 процесори и неговото префрлање во софтвер кој ќе биде компатибилен со ARM може да се покаже како исклучително тешко. Исто така, ќе треба многу време дивелоперите да ги прилагодат своите апликации и програми за новите чипови.

Извор: Tech Crunch, Apple Insider, PCMag

Претходна статијаПроизведување на вода со помош на уред на соларна енергија
Следна статијаКвизот „Арена“ со Димитар Атанасовски добива нова димензија на забава и возбуда

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.