Сведоци сме на значителна промена на климата во последниве години, промена која што секако може да влијае и врз водата за пиење. Ap Verheggen основачот на компанијата SunGlacier, добар дел од последниве 10 години посветил на дизајнирање уреди кои што ќе можат да произведат вода од самиот воздух користејќи соларна енергија. Неговиот последен изум е бесплатно достапен на интернет за тие кои што се заинтересирани да го користат.

Соларниот уред е наречен DC03 и може да произведе мало количество на вода за пиење дневно. Овој уред е без батерија и без елементи кои лесно се оштетуваат. Главниот елемент врз кој се базира овој уред е Peltier елементот. Објаснет на наједноставен начин, овој елемент преставува многу мало парче на електроника, кое доколку се конектира со електрична енергија од едната страна се вжештува додека пак од другата страна останува студено. Воздухот по пат на кондензација се претвора во водени капки, кои потоа паѓаат и се собираат во садот кој ние ќе го поставиме под овој уред. Температурната разлика помеѓу жешката и студената страна е цели 67 целзиусови степени.

Овој производ се очекува да биде од значителна корист за луѓето кои што живеат во пустини. Во овој момент може да се произведе половина чаша со вода на секои шест часа, но се очекува подобрување на резултатите во иднина. Моментално функциоонира само преку ден користејќи ја сончевата светлина, но многу лесно може да се вгради батерија за да може да се користи и во ноќните часови.

Извор: Inhabitat, SunGlacier

 

Претходна статијаМодул 1 – Дали јасно ги артикулирате вашите идеи? (прв дел)
Следна статијаApple работи на ARM чипови за MacBook лаптопите?