На вчерашната конференцијата наменета за програмерите WWDC 2016, покрај другите работи, како што се очекуваше Apple ја претстави наредната верзија од нивниот мобилен оперативен систем, iOS 10.

Се работи за верзија која не донесува многу промени, на прв поглед, меѓутоа повеќето промени се во апликациите, можноста за интеграција, како и известувањата и екранот кога е заклучен уредот.

Главната промена, којашто ја истакнуваат од Apple е на Messages апликацијата за којашто исто така нагласуваат дека е најмногу користената апликација на iOS. Апликацијата е збогатена со нови анимации и интересни можности како пишување со раката на текст којшто може да биде виден откако другата страна ќе повлече со прстот и слично. Messages исто така добива можност која е достапна на повеќето други познати вакви апликации, а тоа е прикажувањето на краток преглед од линковите, како и гледање на медиа фајлови во самата апликација.

iOS10-Hero

Одредени промени доаѓаат и кај другите апликации кои доаѓаат со системот, како што целосно нов дизајн за Music и News апликациите, нова Maps апликација со повеќе подобрувања и слично.

Во iOS 10 исто така доаѓа нова Home апликација која е наменета за контролирање на уредите поврзани во мрежа, односно за контролирање на паметниот дом.

Исто така важна новина во iOS 10 е отворањето на Siri за програмерите, односно можноста тие да ги поврзат своите апликации со асистентот. Тоа значи дека конечно корисниците на iOS ќе можат да направат одредени активности кои обично ги прават преку нивните апликации, преку гласовни команди директно од Siri.

Во новата верзија од iOS исто така доаѓаат подобрување и на 3D Touch системот кои ќе бидат најмногу забележливи од новите модели на iPhone кои треба да бидат претставени. Корисниците ќе имаат дополнителни можности преку овој систем, кој овозможува многу побрзо извршување на одредени работи, како и добивање на информации без потреба од отворање на апликацијата.

Унапредување добива и системот за нотификации, како и екранот кога е заклучен уредот. Корисниците ќе може да добијат многу повеќе информации, со нив ќе можат да имаат поголема интеракција, а сето тоа ќе овозможи многу подобро корисничко искуство.

Голем дел од овие новини се достапни веќе одамна на Android, па сигурно ќе има критики за доцнењето, меѓутоа, ние сметаме дека корисни функции кога ќе бидат овозможени, веќе не е важно дали се доцни или не.

Извор: Apple, VB, PCWorld

Претходна статијаTesla пушти на пазарот поевтин Model S (60)
Следна статијаApple ја претстави новата верзија на OS X – ќе се вика macOS Sierra и ќе ја донесе Siri на декстоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.