tesla-model-s

Tesla со Model S одеднаш и, за општата публика, скоро неочекувано стана поевтин, а со тоа подостапен за „обичните“ луѓе. Стратегијата на постепено намалување на крајната цена и намалување на луксузот во автомобилите ја забележавме и беше логична стратегија кога се работи за нов, сè уште неразвиен пазар.

За жал, Model S е сепак прескап за просечното семејство во САД и развиените западни земји, но од Tesla имаат (мало) решение за тоа. Тие одлучија да ја понудат Model S во поевтина варијанта, наречена Model S 60, но со помала автономија.

Се работи за софтверско блокирање на капацитетот на батеријата која има целосен капацитет од 75 кВч. Софтверот ја блокира на 60 кВч, но секако можете да доплатите за да ја отклучите на целосен капацитет. Без доплатата цената ќе биде 66.000 долари, а доплатата чини 8.500 (пред да ви стигне автомобилот) или 9.0о0 (по достава).

Со ваквото ограничување возилото ќе може да помине околу 340 км место околу 400 км, а максималната брзина ќе биде фиксирана на околу 210 км/ч, што ќе се согласите дека е и повеќе од доволно за стандардно домашно возило.

Интересното е што Tesla е меѓу првите произведувачи кои на ваков начин го протуркуваат новиот момент на возила кои можете да ги надградувате или менувате преку софтвер. Едноставно си ја купувате софтверската компонента и одеднаш имате побрз автомобил, побрз старт или поголема автономија. Секако, хакерите низ светот им светат очите кога ги слушаат ваквите вести бидејќи тоа потенцијално значи работа за нив, но дали ќе успеат да ги пробијат овие автомобили целосно ќе видиме.

Инаку, Tesla претстави уште еден, уште поевтин модел, Model 3 кој наскоро ќе се појави на пазарот и ќе чини околу 35.000 долари, што го прави значително достапен за секое семејство. Би очекувале да застанат со модел кој би чинел околу 20.000-25.000 долари во следнава декада и со тоа да станат најголем произведувач на електрични автомобили со огромен старт пред другите.

Дополнителни информации: Ubergizmo, BBC, CNN

Претходна статијаMicrosoft го претстави тенкиот Xbox One S, кој ќе поддржува 4K видео и HDR графика кај игрите
Следна статијаApple го претстави iOS 10 – донесува промени во вградените апликации, подобри нотификации и повеќе