macOS_Sierra_Siri

На WWDC 2016 настанот Apple ја претстави и новата верзија од нивниот познат десктоп оперативен систем OS X. Како што можеше да се прочита повеќе пати до сега, оперативниот систем го менува своето име после 15 години, што ја става оваа промена на првото место во новостите.

OS X отсега ќе се вика macOS, а најновата верзија ќе го носи и дополнителното име Sierra, односно новата верзија од овој оперативен систем е macOS Sierra.

Промената на името на OS X го прави именувањето на оперативните системи од Apple поунифицирано, па така тука е iOS, watchOS, tvOS, па по очигледниот начин на именување, десктоп оперативниот систем е логично наречен macOS.

macOS Sierra сепак донесува доволно други новини за да промената на името ја направи како помала и не толку значајна.

Една од главните новини во Sierra е донесувањето на Siri на десктоп компјутерите. Ова беше очекуван потег од страна на Apple, а посебно од кога се покажа како популарен истиот потег на Microsoft со донесувањето на Cortana на Windows 10 десктоп.

Како и што се очекува, Siri на десктоп ќе ги има сите можности кои им се достапни на мобилните корисници, односно тие ќе можат да закажуваат состаноци, да пребаруваат фајлови, да испраќаат пораки и слично. Стартувањето на Siri ќе може да се направи преку докот, менито, како и преку кратенка на тастатурата.

Друга новина во Sierra е унапредувањето на веќе корисната Continuum функција која ги спојува мобилниот и десктоп оперативниот систем. Фајловите зачувани во Documents папката ќе биде автоматски достапни и на другите уреди, па дури и на PC.

Исто така, навистина корисно, Continuum функцијата ќе овозможи copy/paste активности помеѓу разните уреди, па така корисниците ќе можат да ископираат текст, слики, видеа и слично помеѓу нивниот iPad на пример и Mac компјутер.

Останатите новини достапни на macOS Sierra ги вклучуваат следните:

  • Табови на апликациите
  • Слика во слика на десктоп
  • Apple Pay
  • Memories функција во Photos апликацијата
  • Автоматско отклучување на компјутерот преку другите Apple уреди
  • Зачувување на простор преку качување на старите фајлови во iCloud

Првата тест верзија од macOS Sierra ќе биде достапна од јули, за програмерите и порано, додека финалната верзија за сите корисници, стандардно оваа есен.

Извор: Apple, The Verge, VB

Претходна статијаApple го претстави iOS 10 – донесува промени во вградените апликации, подобри нотификации и повеќе
Следна статијаApple спрема iPhone со дисплеј кој целосно го опкружува телефонот?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.