По проблемите кои што се јавија со 8.0.1 надградбата на iOS оперативниот систем, од Apple како што ветија, брзо издадоа нова надградба која што ги средува проблемите. Надградбата на iOS 8.0.1 беше наменета да исправи неколку пријавени багови од корисниците, како и да овозможи работа на апликациите кои што треба да работат со HealthKit системот, нешто што требаше да биде достапно за корисниците уште од првиот ден.
Кога корисниците почнале да ја инсталираат 8.0.1 надградбата почнале да се појавуваат проблеми со сигналот на мобилниот телефон, со што голем број од нив веќе не можеле да ги користат нивните телефони. Исто така проблемот ја вклучува и TouchID функцијата, односно системот за отисоци од прсти. Според одредени информации, проблемот во главно се има јавено кај корисниците кои што надградбата ја имаат инсталирано OTA, односно преку нивниот мобилен телефон, но не и кај тие кои што ја имаат инсталирано преку нивниот компјутер преку iTunes.
Apple веднаш ја повлекуваат надградбата, односно истата била достапна само 1 час, па според компанијата проблем се има јавено кај 40.000 корисници. За овие корисници Apple издаде кратко објаснување како можат да ја вратат старата верзија од системот за да го решат проблемот со сигналот и TouchID, по што ветија брзо издавање на нова надградба. Исто така, проблемите се имаат јавено кај корисниците на новите модели од Apple, односно на iPhone 6 моделите, но не и кај постарите модели.
iOS 8.0.2 сега е достапен за корисниците и ги вклучува сите претходни новини, како и исправката на пријавените проблеми, односно:
- Исправка на проблем во iOS 8.0.1 кој што предизвикуваше проблеми со мобилната мрежа и TouchID функцијата кај iPhone 6 и iPhone 6 Plus
- Исправка на баг поради кој што не беше можно овозможување на HealthKit апликации
- Исправка на баг поради кој што тастатури од трети страни се исклучуваат по внесување на passcode-от
- Исправка на баг поради кој што одредени апликации не можеа да пристапат до сликите во Photo Library
- Подобрување на работата на Reachability функцијата на новите iPhone 6 модели
- Исправка на проблем поради кој што можеше да дојде до неочекувано трошење на мобилниот интернет при добивање на SMS или MMS порака
- Исправка на проблем поради кој што во одредени случаи рингтонови не се вратени од iCloud бекапот
- Исправка на проблем поради кој што не беше можно прикачување на слики и видеа од Safari