Фото: Shutterstock.com

Android корисниците обично имаат критика до „арогантните“ iPhone корисници за доста помалиот избор за прилагодување на телефонот, нешто по кое се познати системите од Apple. 

Apple изминатите неколку години сепак почна да воведува по некој избор за корисниците, па веќе не може да се каже дека iOS е до толку затворен систем, иако се’ уште е далеку од отвореноста и можностите на Android. 

Без разлика на критиките, дел од Android производителите се повеќе „позајмуваат“ од дизајн стилот на iOS, па за некој од нив може да се каже дека полека стануваат и подобрена копија со повеќе можности. 

OnePlus веќе одреден период почнува да го разввива својот OxygenOS слично на iOS, а неофицијалните слики од OxygenOS 15 веќе може да се каже дека ќе ги направат уредите од компанијата доста слични со iPhone. 

Сличноста со iOS може да се види кај новиот контролен центар кој изгледа скоро исто со тој кај iOS. Дополнително, сличности може да се видат и кај дизајнот на лентата за звук, како и кај „заклучениот екран“, а тука е и OnePlus верзијата од „dynamic island“.

Сепак, мора да се признае, колку и да се воведуваат новини инспирирани од iOS, предноста на Android останува, а тоа е дека на крајот корисниците повторно добиваат поголема флексибилност и можности. 

Во овој правец оди и најновата верзија од Nothing OS, односно третата верзија. Основачот на компанијата е и поранешен ко-основач на OnePlus, па не чуди што работите тука се слични. Карл Пеи дури не крие дека е „фан“ на Apple, но смета дека со Nothing сепак на корисниците им дава подобар избор. 

Nothing OS 3 исто така почнува да наликува на iOS кај контролниот центар, а функцијата која е целосно преземена од iOS е групирањето на сите апликации во папки според нивниот вид автоматски. 

Презентацијата на OS 3 беше во исто време со претставувањето на Ear (open), па можете да ја погледнете во продолжение. 

Може да се заклучи дека преземањето на добрите функции и карактеристики до двете платформи е добра работа, а на крајот добиваат корисниците, па оваа статија не треба да се сфати како критика за таа практика. 

Претходна статијаМаркез Браунли претстави апликација за позадини која може да му го уништи одличниот досегашен углед
Следна статијаDiscord започна со воведување на „од-крај-до-крај“ шифрирање на аудио и видео повиците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.