Се разбира ова нема да биде официјалното име на технологијата, истото стана познато по воведувањето во iPhone, односно тоа е името кое го користат од Apple.
Во основа се работи за поддршка за екрани кои можат да препознаваат нивоа на притисок, односно колку силно има притиснато корисникот. Дека поддршката за оваа технологија навистина ќе биде достапна имаат потврдено од Google за порталот The Verge.
Инаку, моментално функцијата е наречена Launcher Shortcuts и е достапна со втората верзија од Android N Developer Preview. Како што е случајот на iOS, корисниците ќе можат да изберат од ново мени кое ќе се појавува секогаш кога на иконата од апликацијата ќе притиснат посилно.
Програмерите ќе треба да ја вклучат поддршката во своите апликации, со што ќе можат да им дадат на корисниците побрз пристап до одредени функции на апликацијата без потреба од нејзино отворање.
Според информациите од Google, производителите на уреди побарале оваа функција да биде достапна директно во оперативниот систем. Така тие нема да мора самите да развиваат нивно решение, што на крај е добро и за корисниците кои ќе добијат повеќе унифицирано искуство.