Lollipop Forest

Android моментално е најмногу користената мобилна платформа, а за тоа сведочат повеќето околу нас кои имаат некој од огромниот број на паметни уреди. Причината за успехот на оваа платформа може да се каже дека е и извор на проблем, а тоа е големата „фрагментираност“, односно огромен број на различни уреди кои работат скоро на секоја верзија од Android.

Ова секако не е некој посебен проблем за корисниците, туку повеќе за програмерите, а и Google, кои треба да овозможуваат поддршка и да ги прилагодуваат апликациите и сервисите за сите овие верзии од платформата, а и големини на екран и компоненти.

Според последните статистики од Google кои ги прават врз основа на Play Store апликацијата, моментално најкористена верзија од Android е Lollipop, односно 5.0 и 5.1. Оваа верзија од Android се користи од страна на 36,1% од корисниците, а местото го презема од KitKat којашто сега има 34,3% од корисниците.

Најновата верзија Marshmallow која е достапна од октомври се користи на 2,3% од уредите, што е исто со старата Ice Cream Sandwich (4.0) верзија. Android Jelly Bean се користи на 22,3% од уредите.

android-versions-march-2016

Тоа што најновата верзија се користи на толку мал број од корисниците не е чудно. Добивањето на најновата верзија од Android, со исклучок на Nexus уредите, во главно доаѓа прилично покасно, па верзијата зависи од продажбата на нови уреди.

Инаку, Google ја пушти за програмерите седмата верзија од Android во Developer Preview верзија минатата недела.

Извор: Google Dashboard

Претходна статијаЗаканата од ВИ – Google DeepMind го победи човечкиот шампион во играта Го
Следна статијаВреме е за стартап – дел 1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.