1477145354379995682

Вкусен, печен и сочен бифтек – право од лабораторија. Што се` не ќе измислат холанѓани, нели?

Токму тоа е фокусот на оваа денешна вест. Имено, еден холандски тим предводен од проф. Марк Пост во нивната лабораторија во Универзитетот од Мастрихт развиваат варијанта на една од основните компоненти на исхраната на милијарди луѓе низ светот без потребата од убивање на ниту едно животно.

Сепак, тимот на проф. Пост не го направиле ова со главна причина да ги импресионираат милитантните вегани, гушкачи на дрва и антивакцери, туку пред се` поради економски и еколошки причини. Светската побарувачка за месо постојано се зголемува. За да можат да постигнат тие мора постојано да ги зголемуваат своите капацитети што делува доста негативно врз атмосферата и екологијата.

Според пресметки, производството на лабораториско месо зема 50% од енергијата , испушта само 4% од емисиите на стаклена-градина гасови и користи само 1% од потребната површина, во споредба со производството по традиционален пат.

Инаку, процесот на создавање на ова месо е интересен. Се започнува со матични клетки кои се вадат од мускул на крава (сепак мора ова да се направи, вегани). Потоа тие се помагани со хранливи материи и поттикнувачи на раст кои им помагаат да се развиваат и множат. По три недели постојат милиони матични клетки кои се ставаат во мали садови каде се формираат во мускулни влакна, долги околу сантиметар и дебели неколку милиметри.

Во претходната верзија на лабораториското месо не постоеа маснотии, па тоа имаше доста блунтав вкус (изглегува дека само мускулни влакна не се превкусни за ручек). Во оваа варијанта тимот додал и масни наслаги, а работи и на додавање на железо за да се подобри вкусот.

Проф. Пост е основач на компанија, Mosa Meat, која во иднина ќе произведува лабораториски-пораснато месо и тоа по цена од стандардно месо. Поточно, за околу 5 години кога планираат првите парчиња да ги пуштат на пазарот. Замислете, за 10-тина години отсега во некоја сендвичара – „Дај ми една гурманска од оние, пораснатите, со компири, кечап и мајонез“.

Извор: BBC, Gizmodo

Претходна статијаSony Xperia Z5 е новиот крал на камерите кај телефоните, iPhone 6S само просечно на тестирањата
Следна статијаMicrosoft ќе се обиде да ве мотивира да им дадете шанса на нивните апликации во Windows 10