iphone-6s-gold-gallery-970-80

До претходната година iPhone немаше конкуренција кога е во прашање камерата – сензорот со 8 мегапиксели беше најдобар во реалните услови на сликање и покрај тоа што заостануваше на хартија зад конкурентите. Сега, веќе не е така – iPhone 6S со новиот сензор со 12 мегапиксели заврши на 10-тото место на тестирањата на реномираниот DxO Labs.

Интересно, iPhone 6S заработи 82 поени, што е ист резултат како на претходникот и покрај зголемувањето на резолуцијата, поради што новиот модел се наоѓа зад нив на листата. Од DxO велат дека сензорот со 12 мегапиксели не придонесува за подобрена фотографија и во некои услови овој сензор вади дури и повеќе шум од тој на претходникот и единствено има предност во услови на висок контраст, кога може да извади малку повеќе детали од високо осветлените делови.

Резултатот на iPhone 6S секако дека не е лош и не значи дека има слаба камера, но конкурентите во оваа генерација се сепак подобри. Xperia Z5 на Sony заработи 87 поени на истите тестирања и е апсолутен шампион кај паметните телефони со сензорот од 23 мегапиксели, пред Samsung Galaxy S6 Edge, кој со сензорот од 16 мегапиксели заработи одлични 86 поени. Конечно, еден телефон од Nexus серијата е меѓу најдобрите и тоа Huawei Nexus 6P, кој има 84 поени. Пред новиот iPhone се најдоа и Moto X Style, Samsung Galaxy Note 4 и LG G4. Подолу и целосната листа:

1.    Sony Xperia Z5
2.    Samsung Galaxy S6 Edge
3.    Google Nexus 6P
4.    LG G4
5.    Samsung Galaxy Note 4
6.    Motorola Moto X Style
7.    Sony Xperia Z3 Plus
8.    Apple iPhone 6 Plus
9.    Apple iPhone 6
10.  Apple iPhone 6S

Секако, тестирањата на DxO Labs не мора да се конечни – за заклучок ќе треба да излезат уште многу тестови, или пак уште подобро, да можеме и ние да ги споредиме со некои од конкурентите. Сепак, позитивно е што од година во година, сите производители прават драматично високи скокови во квалитетот на вградените камери во телефоните, од што најголема корист имаме ние корисниците.

Извор: CNET, Tech Radar

Претходна статијаПодобри си го животот со апликации (прв дел)
Следна статијаЗа 5 години ќе јадеме лабораториски-пораснато месо