Кој редовно ја гледал серијата Ѕвездени патеки и навлегол во историјатот веројатно ќе ја памти (Nyota) Uhura, улога од првиот серијал на оваа серија која беше репрезентативна за мултикултуралниот карактер на самата серија. Тоа е поради тоа што глумицата која ја глуми Uhura е со африканско потекло и се вика Нишел Николс.
Во септември Нишел Николс ќе учествува во една NASA мисија како дел од неесенцијалниот екипаж. За жал, мисијата на NASA нема да биде во вселената т.е. нема да излезе од атмосферата, туку ќе биде за тестирање на работата на најновиот телескоп наречен SOFIA (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy). Овој телескоп е наместен на Boeing 747, а идејата му е да ја скенира вселената за инфрацрвени зрачења со своето огледало широко одприлика 2,4 метра.
Оваа набљудувачка станица и досега имаше одредени успеси па при летањето во Нов Зеланд пред скоро време го забележа Плутон како поминува пред една ѕвезда, што е навистина импресивна прецизност за станица базирана на Земјата (иако во лет).
Како и да е, досега ниту еден од екипата за снимање на Ѕвездени патеки не учествувал во некоја вселенска мисија, што може да се смета како одреден пропуст на човештвото во оваа област, имајќи предвид колку таа серија и тие луѓе имаат придонесено за нашата љубов за вселената и науката.
Извор: The Verge, Ars Technica