tap_keyboard_1170-770x460

Екраните осетливи на допир се толку 2015-та и досадни, каде се уредите кои можеме да ги контролираме директно со мислите!? Изгледа дека научниците ви ги слушнаа тивко искажаните желби, бидејќи еден тим од Универзитетот од Стенфорд успеаа да создадат прецизна мозочно-контролирана протеза која е способна да работи скоро како (мајмунската) рака.

Имено, се работи за протеза која на неинванзивен начин (надворешно) ги открива мозочните бранови и се обидува да ги толкува во однос на тоа што точно сакал испитаникот на направи или покаже. Проблемот со ваквата ситуација е што прецизноста на ваквите протези досега беше не толку голема поради тоа што тие се базираа на информациите од неколку стотици неврони, а се обидуваат да предвидат реакции од илјадници па и милиони неврони кои координираат сложени физички движења.

Научниците ја поставиле оваа протеза на главите на мајмуните кои биле истренирани кога ќе им се појави одредена боја на точка на екранот да го допрат со прстот. Преку тоа го тренирале алгоритмот да ги анализира мозочните бранови на мајмуните во однос на тоа што сакаат да го направат. По првиот тренинг каде акцијата била успешна кога ќе се допрело само со прст, во главниот експеримент го нагодиле алгоритмот да не регистрира допир се додека алгоритмот не препознае дека мајмуните токму таа точна ја помислиле за да ја допрат.

При допирањето само со прст мајмуните успеале во текот на 30 секунди успешно да ја погодат точката 29 пати, а во вториот 26 пати со мислите, што е околу 90% прецизност колку и физичката прецизност.

Тоа означува дека научниците успешно го истренирале алгоритмот на база на многу ограничени информации од ограничена група на неврони успешно и со голема прецизност да препознава што точно сакале животните да постигнат – и нормално, дека истото еден ден ќе може да се пренесе кај луѓето.

Покрај интересните примени на управување на работи со мислите заради нивниот „кул“ фактор, ваквата технологија ќе може да се примени кај онеспособени лица кои ќе можат да мрдаат вештачки нозе, да куцаат на екран без прсти, па дури и да играат игри и да управуваат други работи само со помош на мислите, што ќе биде од огромна помош во нивната ситуација.

Извор: Futurity, Stanford

Претходна статијаUhura од Ѕвездени патеки ќе учествува во мисија на NASA
Следна статијаЛуѓето имаат различен тип на одење кога го користат телефонот