925970_1_0801-walking-texting-humans-evolving_standard

Иако можеби ваквиот наод беше очигледен, во студија направена од истражувачите беше откриено дека луѓето кои го користат телефонот додека одат употребуваат различен тип на одење. Според нив, луѓето го прилагодиле своето чекорење на оваа ситуација, па кога го користат телефонот одат многу попретпазливо.

Според студијата, луѓето ја „… скратиле должината на чекорот, брзината со која правеле чекори, го продолжиле времето кога двете стапала се на земја и ја зголемиле висината за снаоѓање околу пречки“. Смената во начинот на чекорење веројатно го приметиле сите кои го користеле телефонот додека оделе некаде, што е ситуација која не може да се избегне во денешно време.

Со смената на начинот на чекорење луѓето практично се заштитуваат да не се удираат во други луѓе или објекти, да не се сопнуваат додека одат, како и да не преминат случајно во зона со висока опасност, како што е улица, на пример. Инаку, анализата е направена со тоа што истражувачите конструирале специјално поле со пречки, а потоа ги пуштиле луѓето да се движат низ нив. Луѓето биле инструирани да се обидуваат да пишуваат текст на телефонот.

Од една страна ова ја прикажува способноста на човековиот и општо биолошкиот мозок да се приспособува на новите услови и опкружувања, што го дава објаснувањето зошто се развил во толку сложена форма. Од друга страна, постојаното користење на телефоните предизвикува најразлични проблеми за луѓето, како што е болка во вратот, вкочанети рамена и раце, миопија и така натаму.

Извор: Business Insider, CS Monitor

Претходна статијаНаучниците од Стенфорд создадоа прецизна мозочно-контролирана протеза
Следна статијаJoe’s Jeans направија нов модел фармерки со полнач за iPhone