После неколку неуспешни и делумно успешни тест летови, Starship од SpaceX успеа да направи целосно успешен тест лет. SN15 е леталото кое ќе биде запишано како првото кое помина без проблеми и успешно слета назад на платформата од која полета.

Со оглед на тоа што повеќето летови поминуваат без проблеми, тоа што претставува вистински предизвик е вертикалното слетување, нешто кое може да се каже дека е карактеристика по која се познати SpaceX.

Развојот на ракети и летала кои можат да слетаат овозможува нивно повеќекратно користење без или со минимални прилагодувања. Со тоа повеќекратно се намалуваат трошоците на летовите кои немаат потреба од нова ракета или делови за повторно користење.

Видеото од успешниот лет и слетување на SN15 можете да го погледнете во продолжение. Леталото достигнува висина од 10 километри со помош на три ракетни мотори Raptor, по што истите ги исклучува и почнува да паѓа назад на Земјата. По достигнување на одредена висина, дел од моторите повторно се палат со цел да го забават леталото и истото вертикално да слета.

Starship е летало кое SpaceX го развива за посериозни мисии од тие кои се до орбитата на Земјата. Со ова летало се планира лето околу и до Месечината, а исто така најверојатно ќе ги однесе и првите луѓе на Марс.

NASA минатиот месец одлучи SpaceX да биде компанијата која ќе го изведе првото слетување на луѓе на Месечината после повеќе децении, а Starship ќе биде леталото преку кое ќе се изведе оваа активност. Другите компании кои исто така се надеваа дека ќе бидат избрани поднесоа жалба на одлуката, па ќе видиме дали ќе дојде до некакви промени во изборот на NASA.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПаметниот фитнес тракер Xiaomi Mi Band 6 веќе во понудата на веб-продавницата Smartus.mk
Следна статијаФИТР со ефективна поддршка за компаниите, заклучок од импакт евалуацијата на “Фајнанс Тинк”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.