Серијата Mi Band на Xiaomi продолжува со шестата генерација на фитнес тракери. Од денес, во понудата на македонската веб продавница Смартус е достапен долгоочекуваниот гаџет за 2021, Xiaomi Mi Band 6!

Комбинација на одлични карактеристики, квалитет, долг век на траење на батеријата и што е најважно – прифатлива цена. Како и неговиот претходник, Mi Band 6 нуди низа одлични карактеристики, но исто така носи и некои значајни подобрувања.

За разлика од претходникот, Mi Band 6 доаѓа со нов 1,56-инчен full-screen AMOLED екран што ја покрива целата површина на самиот тракер (edge to edge). Екранот е во боја, со резолуција од 152 x 486 пиксели (326 ppi) и може да се пофали со со заштитен слој од калено стакло и заштита од отпечатоци од прсти.

Новост е и SpO2 сензорот, односно сензорот мерење на сатурацијата на кислород во крвта. Доаѓа со вграден сензор за PPG за мерење на отчукувањата на срцето и можност за следење на квалитетот на спиењето. Иако не е замена за професионална медицинска опрема, Mi Band 6 ќе служи добро за дополнителен мониторинг на здравјето.

Примарна задача на секој фитнес тракер е да собира податоци поврзани со спортот и вежбањето, па затоа не е изненадувачки што новиот Mi Band 6 доаѓа со дури 19 нови спортски режими (вкупно 30), од ​​кои автоматски препознава 6.

Како и неговиот претходник, Mi Band 6 ја задржа можноста дополнително да го персонализира и прилагоди изгледот по вкус – од промена на позадината на екранот до замена на ремчето.

Новиот Xiaomi Mi Band 6 може да се нарача на следниот линк со бесплатна достава до дома и 2 години гаранција  https://www.smartus.mk/xiaomi-mi-smart-band-6-1506.html

Претходна статијаVodafone Германија е прв европски оператор кој лансираше самостојна 5G мрежа
Следна статијаStarship на SpaceX го направи првото целосно успешно слетување