Во текот на вчерашниот ден SpaceX ја лансира својата Falcon 9 ракета, која повторно успешно слета назад на Земјата. Ова беше важен настан поради фактот што истата ракета се користи деветти пат за лансирање на товар во орбитата.

Според најавите, една ракета е замислено да може да лета до 10 пати без поголеми измени, по што треба да се направи проценка за нејзината можност за понатамошна употреба. Иако границата е поставена на 10 лансирања, Falcon 9 може да лета и повеќе пати, доколку се процени дека тоа е можно.

Ова беше и главната цел на SpaceX со развојот на Falcon 9. Мисиите за лансирање на товар, па и луѓе во орбитата, се многу поевтини и едноставни кога ракетата која се користи може повторно да се искористи. Пред SpaceX, ракетите беа за една употреба, а по успешното лансирање тие се пуштаат да изгорат во атмосферата.

Вчерашната мисија на SpaceX беше да однесе дополнителни сателити од нивниот Starlink проект за овозможување на интернет пристап до места на Земјата каде тоа не е возможно, односно каде сега нема интернет конекција.

ИЗВОРGizmodo
Претходна статијаДенови на македонската фотографија
Следна статијаMicrosoft Edge ќе го следи новото темпо на пуштање нови верзии на Google Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.