shutterstock_95629831

ХИВ – една од чумите на 20-тиот и 21-виот век. За човековиот систем катастрофален организам (за кој КГБ на времето кажуваше дека бил создаден од ЦИА, но поверојатно е дека е варијанта на сличен вирус кај мајмуни) за кој се` уште нема вистински лек (иако постојат функционални третмани кои овозможуваат нормален живот со нормален век, а на пат се и други начини за лечење, па дури можеби и вистински лек).

Овој одвратен вирус е предмет на интерес на научниците веќе неколку децении, па не е ни чудно што се појавуваат нови начини на негово следење, уништување и исчезнување. Најновата објава на ова поле доаѓа од Универзитетот од Јејл. Научниците таму успеале да развијат начин да го следат вирусот во реално време. За овој експеримент употребиле глувци под анестезија кои потоа биле заразени со разни флуоросцентно-означени вируси.

Потоа тие употребиле ласерски микроскоп за да погледнат во внатрешнината на глувците, до 1 милиметар длабочина. Тоа што го забележале ги изненадило, а и вие можете да го погледнете на видеото погоре. Можноста да се следи развитокот на вирусот ќе придонесе во понатамошна подлабока анализа на механизмите кои тој ги користи за да го избегне и победи имунолошкиот систем на животното/човекот.

Ваквиот метод веројатно нема да може да се користи за анализа како се развива вирусот низ телото на пациент бидејќи е потребна многу подлабока анализа, а ХИВ има начин како да се скрие во телото за да избегне откривање од одбранбениот систем. Сепак, уште сега научниците даваат можно решение за сопирање на развитокот на вирусот, преку блокирање на лепливото протеинско ткиво на кое се наоѓа во лимфните јазли и преку кое ХИВ се пренесува однадвор внатре во јазлите каде ја започнува инфекцијата.

Извор: IFLScience, Yale

Претходна статијаBoeing го создаде најлесниот метал на светот
Следна статијаNotify – Facebook работи на апликација за поактивно следење на новости