2959B16000000578-0-image-a-33_1433417749724

Орбитирањето на Rosetta леталото и слетувањето на Philae на површината на кометата 67П – Чурјумов-Герасименко нашироко беше покриено на Смартпортал. За жал, по 10 годишното патување од Земјата до 67П мисијата беше само половично успешна бидејќи Philae не слета како што требаше. Имено, неговите куки кои требаше да го закачат за површината не работеа, па се случи да се одбие неколку пати од површината на 67П и да падне во процеп во кој имаше многу малку дневна светлина.

Ова оневозможи негова постојана работа и додека имаше енергија испраќаше информации назад до Rosetta (а таа пак назад до Земјата), откривајќи ни дека „мирисот“ на кометата не е баш добар, и дека постојат органски молекули на површината. Мисијата на Rosetta со Philae треба да заврши за два месеца од сега, кога 67П ќе биде најблиску до Сонцето. Сепак, научниците од ЕВА (Европската вселенска агенција) размислуваат да го зголемат животниот век на оваа мисија. Затоа, мисијата беше продолжена до 2016 година, а до тогаш има време да се размисли што да се прави со Rosetta и Philae.

Повеќе од сигурно е дека Philae ќе остане на површината и ќе праќа информации назад. Околу судбината на Rosetta, пак, се разгледуваат неколку опции. Првата беше едноставно да се остави да орбитира околу кометата до „безконечност“. Од друга страна научникот Мет Тејлор од В. Британија предложи Rosetta да се урне или да се обиде да слета на 67П. Додека се приближува до кометата ќе може со своите сензори да праќа информации со многу поголема резолуција од сега, а ако успешно слета без поголеми проблеми ќе може да продолжи да праќа информации.

Мораме да напоменеме дека слетувањето на 67П е многу малку веројатен настан, но дур се изведува тоа Rosetta ќе може да испраќа информации од поблиску до кометата, што секако ќе претставува позитивна употреба за нејзе. Останува да видиме како ќе се одлучат истражувачите од ЕВА да ја завршат оваа историска мисија.

Извор: DailyMail, The Verge

Претходна статијаПостигнат напредок во вакцината против ХИВ
Следна статијаApple работи на виртуелно “Home” копче за iPhone