UTI1858180hivscrippssmaller_r620x349

ХИВ вирусот е една одвратна болест со која човештвото се бори веќе неколку децении без скоро никаков напредок во вистински лек. Постои таканаречен „функционален лек“ т.е. антиретровирална терапија со која тие кои имаат ХИВ живеат (скоро) нормален живот и не можат да го пренесат на друг. Ваквата терапија најчесто претставува комбинација од повеќе лекови кои се борат против различни фази од вирусот (при неговото размножување, населување на имунолошките клетки, и пренесување во нивната ДНК). Сепак, вистински лек се` уште нема.

Од друга страна, на повидок е вакцина против ХИВ, по успешните експерименти спроведени врз „хуманизирани“ експериментални глувци со помош на генетска терапија. Имено, се работи за вакцина која има за цел зајакнување на природната реакција на имунолошкиот систем против ХИВ, исто како било која друга вакцина. Проблемот со ХИВ вирусот е што на неговата површина има многу различни белковини со кои ги лаже имунолошките клетки, па тие не можат да го уловат и уништат, но постои одреден дел од неговата површина на која нема вакви замки.

Истражувачите покажаа дека со помош на специјално дизајнирани молекули кои ја глумат оваа површина можат да ги „научат“ имунолошките клетки да ги препознаваат и да се борат против нив, а со тоа и успешно против вирусот. Дополнително, со ваквите молекули може да се помогне последната фаза на созревањето на имунолошките клетки кои во својата меморија ќе ја имаат сместено програмата за борба против ХИВ. Ваквите молекули беа покажани дека делуваат при вакцинирање и на зајаци.

Истражувачите велат дека ќе продолжат со работа околу вакцината и особено со тестирање во понатамошни хуманизирани животни, па можеби и луѓе. Во секој случај, ова е навистина добар чекор напред во борбата против оваа тешка болест со која научниците мака мачат веќе подолго време.

Извор: UT San Diego, Pioneer News

Претходна статијаWindows 10 е можно да биде достапен и на USB стикови покрај стандардното DVD
Следна статијаСе разгледува можноста Rosetta да се урне или да слета на кометата 67П