bangkok-anatomy-lab-inundated-with-body-donors-following-example-of-revered-monk-luang-phor-khoon

Отворените рани се исклучително опасни бидејќи овозможуваат брзо настанување на бактериски инфекции. Ова особено важи за жртвите на изгореници на големи делови од телото.

Најчесто ваквите рани се премачкуваат со некаков препарат за зараснување и со антибактериско дејство, па потоа се повиваат со преврски кои имаат за цел да го ограничат контактот со надворешниот свет.

За жал, понекогаш бактериски инфекции се развиваат и покрај ваквите мерки, а знаат тешко да бидат откриени бидејќи се покриени токму со преврската која треба да ги спречи. Затоа, еден тим на научници создадоа нов тип на преврска кој ќе ја менува бојата при бактериски инфекции.

Се работи за материјал кој има во себе флуоресцентна боја во мали капсули. При допир на капсулите со отровите од бактериите тие ќе ја ослободат бојата која ќе може јасно да се види. Со ова медицинските лица ќе можат да препознаат дека постои бактериска инфекција и без да ги тргаат завоите непотребно, што често знае да биде болно, па дури и штетно. Воедно, ова ќе ја намали употребата на антибиотици кога не се потребни што ќе помогне за оддолжување на развивањето антибиотска толерантност кај бактериите.

Тимот кој работел на овој концепт беше награден со 1 милион фунти со цел да ја тестираат новата преврска на примероци од кожа земени од жртви на изгореници.

Извор: BBC, Latinos Health

Претходна статијаIntel спрема нов Core i7 со 10 јадра
Следна статијаMovado е класичен часовник со паметни функции