2015-11-17 01_29_41-Environment May Have Influenced How Languages Sound _ Shots - Health News _ NPR

Науката за јазиците (лингвистиката) е прекрасна наука. Таа често може да ни укаже на некои историски случувања кои се битни, па дури и да помогне во следење на движењето на цели народи пред илјадници години.

Според сегашните сознанија човековиот вид се создал во Африка, а веројатно со себе го создал и првобитниот јазик како средство за комуникација. Како што луѓето се ширеле по други територии, така го носеле овој јазик, но го менувале што довело првично до создавање на локални варијанти, а потоа до засебни јазици, од кои пак произлегле други јазици… се’ до денешната каша од скоро 7 илјади светски јазици.

Очигледната поврзаност меѓу заедничките групи може да се забележи. Тоа што го пишуваме како „здраво“ на македонски, на бугарски е „здравей“, а на руски „здравствуй“. Од етимолошки аспект коренот „здрав“ е со цел да го поздрави слушателот и да му порача да биде или остане здрав. Исто така, англискиот збор „night“ е очигледно директно поврзан со германскиот „nacht“, но дали знаевте дека се исто така директно поврзани со латинскиот „nox“ кој пак е сомнително сличен со нашиот „ноќ“? И многу други (погледнете ги само санскритските називи за броевите од 1 до 10 и ќе ви стане јасно).

Сепак, малку се знае како точно еволуираат едни јазици од други и дали околината има некакво значајно влијание (а се претпоставува дека има). Според најновото истражување направено од Универзитетот од Ново Мексико, јазиците можно е да еволуирале токму под влијание на околината, а особено топлината, „количеството“ на шума и планини и количеството на дожд.

Според нив, јазиците кои се развиле во топли предели каде имало густа вегетација се развиле во такви со малку согласки, а голема употреба на самогласки поради тоа што согласките се базираат на високо-фреквентна содржина која се раскршува или апсорбира од вегатацијата и се едноставно неприлагодени за таквата средина.

Од друга страна, во поладни предели со помала вегетација се развиле јазици со многу согласки, а помала употреба на самогласки. Според нив, ова акустично приспособување е веројатно одговорно за четвртина во варијациите на употреба на согласки и самогласки во јазиците ширум светот.

Тоа се’ уште не ги објаснува целосно некои интересни човечки „измислици“ во доменот на јазиците. На пример, Убикх јазикот (сега веќе исчезнат) имал само две самогласки, но дури 80-тина согласки. Од друга страна, Таа јазикот ((клик)Ксоњ) користи дури 44 самогласни варијанти.

Извор: IFLScience, NPR

Претходна статијаСе што треба да знаете за Стартап Викенд Скопје
Следна статијаGirls in Tech Macedonia овозможува платени пракси во ИТ компании во Силиконската Долина