startup weekend

Остануваат уште само неколку дена до настанот кој сите го очекуваме. Петтиот по ред Стартап Викенд Скопје започнува овој петок!

Од 20ти до 22ри ноември во просториите на CoSeed ќе имате шанса да се запознаете со дел од локалната стартап заедница, да ги претставите и развиете вашите идеи и да креирате тим. Дополнително ќе имате можност за учество на локални и регионални настани и конференции, да освоите одлични награди или инвестиции од партнерите кои ќе ви помогнат брзо и лесно да ги реализирате своите стартап идеи, како и да се стекнете со непроценливо искуство споделено од професионалци.

Оваа година организаторите на Стартап Викенд Скопје ви ветуваат одлична локација, интересни игри и забава за време на настанот, искусни ментори и судии меѓу кои претставници на Европскиот економски и социјален комитет, Cryptograph Security Solutions, Фонд за иновации и развој на технологии, Министерство за странски инвестиции на Македонија и многу други.

Дел од партнерите на овогодинешниот Стартап Викенд Скопје се Silicon Drinkabout, Brainster, GSIX, Girls in Tech, EESTEC LC Skopje, IAESTE Macedonia, AIESEC, BEST Skopje.

Карта за настанот може да резервирате на http://tinyurl.com/swskopje5tickets.

Целосната листа на судии, агендата, партнерите кои го поддржуваат настанот, како и организаторите можете да ги најдете на www.sw.mk

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат организатори, програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Startup Weekend глобално има повеќе од 1500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави. Настанот до сега има анимирано повеќе од 123.000 учесници на глобално ниво.

Претходна статијаMSI претстави три гејмерски лаптопи со “Heroes of the Storm” тематика
Следна статијаЈазиците можеби еволуирале во илјадници варијанти поради околината