Welcome_to_a_comet_node_full_image_2

Оваа недела, поточно во среда на 12-ти Ноември, после 10 години и поминати повеќе од 6,5 милијарди километри, Philae леталото слетувач дел од Rosetta, слета на површината на кометата 67P/Churyumov–Gerasimenko. По стигнувањето на кометата Rosetta се постави во орбита околу неа, од каде што беа добивани првите блиски снимки и други мерења од една комета. Леталото ќе остане околу кометата и идната година кога треба да продолжи да ја истражува кога ќе дојде поблиску до сонцето со што ќе започне да се топи нејзината површина.

Истражувањето на една комета е важно поради тоа што тие се смета дека во нив носат смрзнати остатоци уште од времето на формирањето на сончевиот систем. Тоа може да даде многу информации поврзани со начинот на формирање на системот, како и настанувањето на животот на Земјата.

Rosetta_s_trajectory_after_12_November_node_full_image_2

Слетувањето на кометата од старана на Philae иако успешно, не помина како што било планирано. Леталото според планот требало да слета на одреден дел од кометата кој што ќе овозможи долга изложеност на сонце поради полнење на батеријата на него. За постигнување на такво слетување вградени се два системи, еден кој што треба да вклучи потиснувачи во обратна насока, односно нагоре со што леталото ќе биде задржано на површината. Другиот систем е составен од еден вид на харпун кој што по застанувањето посигурно ќе го зацврсти леталото на површината. Потребата за овие системи произлегува од тоа што кометата има прилично мала гравитација, па при слетувањето кое што не може да биде мирно, го одбива леталото од површината, па истото може да биде оштетено и слично.

Овие два системи на работеле како што треба при слетувањето, па Philae сепак има слетано на место кое што не му овозможува доволно сончева светлина за доволно полнење на батеријата. На батеријата и се потребни барем 7-8 часа на сонце, додека локацијата каде што има слетано леталото овозможува само 1-2 часа.

Сепак Philae има успеано да направи доволно слики, како и да ги употреби инструментите кои што се поставени како дел од него за истражување на површината на кометата. Податоците од тие мерења се успешно испратени до Rosetta, па до Земјата денеска после губење на контактот со леталото поради трошење на батеријата. Од ESA успеале до некаде да го поместат леталото и да го насочат во насока од каде што треба да добие нешто повеќе сончева светлина, меѓутоа сепак саканата локација и светлина на можат да бидат добиени.

Леталото повторно ја има потрошено батеријата, па сега веќе не се знае дали воопшто некогаш ќе може да ја наполни и да комуницира со Земјата. Период кога тоа се очекува да биде можно е идниот Август кога кометата ќе помине поблиску до сонцето, па достапноста на сончевата светлина ќе биде многу поголема.

ИНТЕРЕСНО ТВРДЕЊЕ ОД ТЕОРЕТИЧАРИТЕ НА ЗАВЕРА

Според UFO Sightings Daily сајтот оваа мисија воопшто не е тоа што ни е кажано дека е. Се работи за НЛО, а не комета кое што се обидува да воспостави контакт со нас луѓето. Вселенските агенции не би финансирале долга мисија само за истражување на комета, па ESA заедно со NASA ги прикриваат информациите за контакт со НЛО. Звуците кои што доаѓаат од кометата претставуваат начин преку кој што вонземјаните се обидуваат да комуницираат со нас.

Извор: ESA, ScienceDaily, Mirror UK

Претходна статијаОдговор од OneDrive тимот за воведувањето на селективно синхронизирање во Windows 10
Следна статијаAndroid 5.0 Factory Images за Nexus 4 достапни за симнување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.