
New Horizons (Нови хоризонти), сондата на NASA, се наоѓа во близина на Плутон и тоа е одлична шанса да се направат фотографии од оваа џуџе-планета. Досегашните фотографии кои ги имаме од оваа џуџе-планета се во главно црно бели и фотографирани од огромни далечини, а ова е првата шанса да се види Плутон од поблиску.
Впрочем, растојанието од 113,6 милиони километри не е баш блиску во однос на растојанијата доле на Земјата на кои сме навикнати. Сепак, во космолошка перспектива, ова растојание е слично (а можеби и помало) на растојанието од буквите А и С на вашата тастатура во однос на Земјата.
Фотографиите кои ги прати New Horizons не се најострите фотографии кои ги имате видено, но го прикажуваат Плутон во боја. Според Џон Грунсфилд, помошник администратор на Директоратот на научната мисија на NASA, „Научната литература е полна со карактеристики на Плутон и неговите месечини наполнети од набљудување од Земјата и орбитирачки вселенски станици, но никогаш го немаме студирано Плутон блиску и персонално. … Во досега неостварениот лет овој јули, нашето знаење за тоа каков точно е Плутоновиот систем навистина експлоненцијално ќе се зголеми и немам сомневања дека ќе има возбудливи пронајдоци“. Интересното е што New Horizons тргна кон Плутон додека беше класифициран како планета, а стигна кај него кога е преквалифициран како џуџе-планета.
Инаку, New Horizons е сонда која е лансирана во 2006 година со најголема брзина за човечки објект од Земјата, достигнувајќи брзина од 16,26 километри во секунда (58,5 км/час). Во нејзиното патување се сретна со Јупитер на растојание од 2,3 милиони километри, искористувајќи ја неговата гравитација за да се стекне со уште поголема брзина од 4 км/секунда (14.000 км/час), по што влезе во хибернација за да ја зачува енергијата. За само 9 години стигна до Плутон што е навистина зачудувачко постигнување имајќи предвид дека на Voyager II ќе му требаат 39 години за да излезе од Сончевиот систем, што ќе се случи во 2016 година (лансиран е во 1977 г.).
Извор: CNet, The Register