12_blog_body

Cyanogen 12 e последната итерација на оперативниот систем базиран на Android, направен е врз Android 5.0 Lollipop и има многу интересни новости.

OnePlus One корисниците се првите кои ќе ја добијат надградбата која веќе би требало да биде достапна за преземање.

Бидејќи Cyanogen 12 e базиран на 5.0 Lollipop, корисниците ќе ги добијат наскоро надградбите што доаѓаат со 5.1.

Cyanogen 12 ќе го користи целосниот материјален дизајн од Lollipop, а воедно ќе добие App Themer што ќе дозволи персонализирање на изгледот на сите апликации што практично ја носи персонализацијата на уредот на ново ниво. App Themer е едноставен за употреба и сè што треба да направите е да селектирате која апликација сакате да ја добие темата која ви се допаѓа најмногу и тоа е тоа.

Дополнително, како што е најавено претходно Cyanogen 12 ќе ја има новата апликација за e-mail во соработка со Boxer.

Извори: Cyanogen, TheNextWeb

Претходна статијаNew Horizons направи нови фотографии во боја од Плутон
Следна статијаApple патентира статусни пораки на обични повици