Фото од Carlos Jones/ORNL - https://www.flickr.com/photos/olcf/42957291821/in/photolist-NsW4ML-25mPCpZ-JkN2vk-28rZmfr-YYYjk1-282ZTzq-271XTpf-271XZao-26JSfsB-25mPBPa-287nqxR-FENxmy-22HVvNY-227b4AU-XgBEPE-W6iPRi-XZZrnP-28rxs9o-XqcFKR-28rZmpK-H4EmiH-27ZDEwH-26JSngB-279g4ti-25moRES-28vVuuM, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=73905694

Минатата недела можевме да прочитаме дека моментално најбрзиот суперкомпјутер во светот, IBM Summit, бил ставен на располагање на истражувачите кои работат на пронаоѓање на лек/вакцина или било каков третман против SARS-CoV-19 вирусот.

Овој суперкомпјутер се наоѓа во Националната Лабораторија во Оук Риџ на Министерството за енергетика на САД, каде веќе покрај другото се има користено и во областа на здравството.

Од лабораторијата информираат дека овој суперкомпјутер веќе ги покажува првите резултати кои ќе помогнат во напорите за откривање на вакцина, како и други методи за спречување на овој вирус.

Поточно, креиран бил модел од „шпицовите“ на вирусот врз основа на истражувања поврзани со него во јануари, а поновите од овие денови ќе почнат исто така да се користат, по што била направена симулација како 8.000 различни соединенија имаат ефект врз спречувањето или намалувањето на способноста на вирусот да зарази здрава клетка.

Од сите комбинации кои биле направени, откриени се 77 соединенија кои можат да имаат таков ефект, а се поделени и според нивото на успешност.

Овие соединенија во основа имаат способност да се спојат со протеините на вирусот во делот којшто се користи за зараза на клетки и со тоа да ја спречат нивната работа.

Оваа вест секако не значи дека е откриен лек против вирусот, но дефинитивно ќе им помогне на сите што работат на изнаоѓање на таков.

Моментално во светот се тестираат и неколку веќе постоечки лекови кои се покажуваат како ефикасни во скратувањето на времетраењето на заболувањето, па се надеваме дека наскоро ќе се знае дали овие лекови официјално ќе може да се користат.

ИЗВОРCNN
Претходна статијаНовиот дизајн на Facebook на десктоп почнува да им станува достапен на сите корисници
Следна статијаWindows 10 ќе добие подобрување на корисничкиот интерфејс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.