I27gqEI

Црвја дупка (или црвоточина) е теоретски космолошки концепт за место во Универзумот каде се витка времето и просторот на таков начин што влегувањето од едната страна на истата може да резултира со излегување на сосема друго место во самиот Универзум. Црвјата дупка во научната фантастика досега е многу обработувана и „користена“ како суперкул начин за патување од едно до друго место во вселената за неверојатно кратко време, но засега останува математички концепт кој не се знае дали навистина постои.

Од друга страна, магнетен паралел на овој концепт постои и беше демонстриран од страна на Автономниот Универзитет од Барселона. Имено, научниците таму успеаа да демонстрираат „пренесување“ на магнетното поле од едно место на друго без да ја помине средната точка.

1396059206646806929

Се работи за сфера која е направена од две различни компоненти. Надворешниот слој е направен од му-метали (сребро), а веднаш под него се наоѓа жолт слој од итриум-бариум-бакар-оксид, соединение кое е суперспроводник на многу ниски температури. Сферата е дупната по една дијаметрална линија и во неа е сместен феромагнетен материјал во форма на свиткана хартија. Сферата е сместена во течен азот за да може суперспроводникот да ги постигне своите карактеристики.

Од едниот крај на сферата било спроведено магнетно поле преку струја која поминува низ спроводник. Тоа што се појавило како ефект е дека магнетното поле „поминало“ низ сферата и се појавило на нејзината друга страна – но не можело да се открие во самата нејзина средина. Тоа значи дека истото се „пренело“ од едната на другата страна, слично како што би се пренел физички објект во теоретската црвја дупка. Вистинскиот ефект е, всушност, тоа што различните полови на магнетот се поништиле на средината на сферата, па резултантното поле не постои таму – иако постои на краевите. Воедно, полето поради суперспроводникот „пропатувало“ до другата страна на сферата по дисторзирани и извиткани магнетни линии.

Ова секако не значи дека научниците создале вистинска црвја дупка, туку се работи за магнетна „црвја дупка“ која е всушност илузија на истата. Во секој случај, интересна демонстрација на интересен магнетен ефект.

Извор: IFLScience, Live Science, Gizmodo

Претходна статијаИстражувачите од МИТ создадоа 3Д печатач на стакло
Следна статијаКреативни Start Up компании од IT сферата отвараат нови можности за младите