DSC_3525

Се повеќе млади луѓе од Македонија прифаќаат работни ангажмани во креативни start-up компании, особено од IT сферата. За нив не постојат граници кога станува збор за остварување на идеите и за нив не постои друг пазар, освен единствениот светски пазар. Водени од страста кон технологијата, тие постојано акумулираат странски капитал во домашната економија. Тој факт ги прави овие личности двигател во подигнувањето на нашиот економски стандард.

Во насока на прославување и одбележување на овој растечки тренд, компанијата Cylindo минатиот петок (21 август) организираше несекојдневна забава, Night Off @ the Office, на која над стотина присутни имаа можност да уживаат во одлична атмосфера. За Cylindo ова претставува посебна вечер за дружење и меѓусебно запознавање на голем број луѓе кои се дел од IT сферата, меѓутоа, пред се, целта на овој настан беше да се охрабрат младите да ги воочат можностите кои стојат пред нив: „Овие можности навистина постојат и сите ние кои сме дел од Cylindo сме свесни за нив. Поради тоа сме силно мотивирани да ја разбудиме таа свест и кај младите, да ги поттикнеме да се активираат, да учат и да конкурираат на отворените работни позиции. Во оваа компанија секогаш има место за нови идеи, креативни умови и одлична работна атмосфера“ – велат членовите на менаџмент тимот на Cylindo.

За време на забавата сите присутни имаа можност да се запознаат подобро со работата и плановите на Cylindo. Се работи за интернационална компанија (www.cylindo.com) со седиште во Копенхаген, која има свои канцеларии во Сан Франциско, а европската канцеларија се наоѓа токму во Македонија, и тоа во Битола, каде се одржа Night Off @ the Office. Cylindo развива софтвер за 3Д визуелизација во индустријата за мебел, па така ангажира кадри од областа на програмирањето и 3Д визуелизацијата, а нуди конкурентски работни услови и плати. Во Cylindo може да се рече дека постојано има отворени работни позиции – само во овој момент активни се шест огласи.

Од тимот на Cylindo додадоа и дека планираат Night Off @ the Office да премине во годишен настан кој редовно ќе го организираат.

Претходна статијаПостигната е магнетна илузија на „црвја дупка“
Следна статијаHyperloop на Елон Маск веќе ставен во работа