572px-SalmonellaNIAID

Научниците се зафатени со работа истражувајќи ги тајните на нашата ДНК, на нашиот геном. Веројатно секој кој е заинтересиран за наука не може, а да не се изненади позитивно на сознанијата кои ги имаме за нашата ДНК, РНК и другите составни делови на клетките, кои како мали компјутери напорно работат да создадат цело суштество од една оплодена јајце-клетка, а потоа да ги поправаат оштетувањата, да ја спроведуваат енергијата и да кодираат белковини кои извршуваат најразлични работи низ организмот.

Научникот Крег Вентер го обзнани крајот (или можеби поточно кажано, почетокот) на 15 годишната работа за добивање на синтетички геном. Тој, заедно со својот тим, објавија дека успешно извеле синтетичко создавање на нов геном, кој функционира. Оваа ќелија потсеќа на бактериска ќелија и ги користи истите механизми за копирање. Геномот на клетката е „испрограмиран“ со помош на компјутер, потоа изграден во бактерии на квасец и потоа пресаден во друго бактериско тело, со што научниците создале нов вид на бактерија.

На ова претходат 15 години напорна работа. Прво претходело секвенцирање на геномот на два организми: Хемофилус инфлуенца и Микоплазма гениталиум (само-копирачки организам со најмал познат геном). По завршувањето на секвенцирањето, научниците од овој тим помислиле дека ако Микоплазма гениталиум има најмал познат геном, дека можеби е можно да се создаде уште помал функционирачки геном и од оваа бактерија без ѕид. Тие заклучиле дека подобро е да пробаат да создадат ваков геном по синтетички пат место да вадат еден по еден ген што би одземало многу време и е екстремно тешко.

Нивната прва задача понатаму била со правење на геном на бактериофага од 5.000 базни парови т.е. вирус кој ја напаѓа само бактеријата Ешерихија коли. Понатаму, тие дошле до методот за трансплатација на бактериски хромозом од една бактерија до друга. И на крајот, го развиле методот на растење на цели бактериски хромозоми внатре во бактериите на квасецот. Во ова откриле дека хромозомите внатре во квасецот биле метилизирани, и така се заштитени од рестриктивните ензимски гени во примателот-бактерија (кои подоцна и целосно ги извадиле). Преку метилизирање на нивните синтетски хромозоми тие успеале да ги трансплантираат во Микоплазма каприколум клетка.

При синтетизирањето дошле да направат грешка во само еден базен пар во есенцијален ген. Ја пронашле оваа грешка и на крајот успеале да синтетизираат цела клетка, нов вид на бактерија која функционира и веќе прави плави колонии. Но за да се осигураат дека завршиле исправна работа, ги кодирале своите имиња и неколку философски цитати во деловите од геномот кои се неесенцијални, како и адреса за е-пошта (!) за оние кои ќе успеат да го декодираат истиот да им пишат. Преку проверката на имињата ќе се провери интегритетот на геномот и успешноста на овие научници.

Дали е ова зачетокот на синтетичкиот живот? Веројатно да, и тоа беше демонстрирано јавно пред светот. Не треба да ги избегнеме можните позитивни последици од ваквите резултати: подобрување на нашите гени и на тие на нашите деца, отварајќи го патот кон правење супериорни луѓе; но во исто време, отворање на можноста за создавање на супервируси и бактерии, милијарда пати подеструктивни од ХИВ, ХПВ и Колера. Време е да ги свртиме и етичките „очила“ кон овој вид на развиток и да ги ограничиме злонамерните од средствата, технологијата и знаењето да создадат вакви чудовишта.

Извор: TED

Претходна статијаIntel ја претстави 5-та генерација на своите Core процесори
Следна статијаAlcatel го претстави OneTouch Watch