Минатата недела, до некаде и на изненадување на повеќето, Џеф Безос најави дека тој и неговиот брат ќе бидат првите патници на неговата Blue Origin. Лансирањето ќе биде на 20ти јули, а ова ќе биде првпат компанијата да прати луѓе во вселената, односно во овој случај скоро до неа.

New Shepard е ракетата која ќе го однесе патничкиот модул до висина од околу 100 километри, каде патниците ќе можат да ја почувствуваат бестежинската состојба, а и да ја видат Земјата со нејзината заобленост.

Уште од најавата на Џеф Безос дека ќе патува со неговите брат, беше најавено дека во тек е наддавање за третото планирано место. Тоа значи дека третиот патник може да биде било кој, односно тој кој ќе понуди најмногу пари за патувањето.

Наддавањето заврши пред два дена и третото место официјално е продадено за 28 милиони долари. Идентитетот на победникот не е објавен, а од Blue Origin истакнаа дека тоа ќе го направат во неделите што следат.

Парите кои се добиени за третото место ќе бидат искористени за фондацијата на Blue Origin, наречена „Club for the Future“, која има за мисија да ги инспирира идните генерации да изберат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математика.

Интересно ќе биде да се види кој е третиот човек кој ќе лета заедно со Џеф и Марк Безос, а со оглед на сумата која ќе ја даде за ова „задоволство“, може сепак да се претпостави позадината од каде доаѓа тој.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Blue Origin
Претходна статијаВтора дружба со Moneyball
Следна статијаМаркез Браунли објаснува зошто Apple секогаш доцнат со воведување на одредени функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.