Покрај верувањето дека производите од Apple се поскапи, меѓу другото, има еден коментар кој не ретко е дел од спротивниот табор после секој настан од компанијата, а тоа е дека ништо ново не е претставено и корисниците на Android одамна ги имаат достапни тие функции.

Ова може да се каже дека е точно како заклучок, одамна Apple немаат претставено нешто што е прво на пазарот, па во главно воведуваат работи кои се веќе достапни кај конкурентите.

Сепак, дефинитивно може да се заклучи дека кога Apple ќе воведе нешто, тоа ретко е на исто ниво како кај конкурентите, па обично е доста подобро имплементирано.

Познатиот Маркез Браунли, повеќе познат на YouTube како MKBHD, направи посебно видео само за оваа тема каде тој го дава своето гледиште за ваквата ситуација.

Тој исто така истакнува дека кога Apple ќе воведе нешто, тоа е многу подобро имплементирано и подобро функционира, но истакнува и една клучна работа, а тоа е дека од компанијата се грижат да работите се добро имплементирани помеѓу нивните различни уреди.

Браунли истакнува дека Apple функционира како екосистем кој е тесно поврзан, па дури и кога некој сервис е подобар кај конкурентите, корисник на Apple подобро ќе помине ако го користи решението од компанијата.

Видеото каде Маркез Браунли објаснува „Зошто функции на iPhone се секогаш „задоцнети““, можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРInc
Претходна статијаИзбран и третиот патник кој ќе ги придружува Џеф Безос и неговиот брат на првиот лет со луѓе на Blue Origin
Следна статијаFacebook Messenger доби неколку мали новини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.