Shutterstock.com

Истражување на околу 3.000 деца од САД, Британија и Кина на возраст од 8 до 12 годни, како и на околу 300 родители на деца на возраст од 5 до 12 години покажува дека децата во денешно време имаат нешто поразлични планови за нивната иднина.

Одговорот на познатото прашање, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш, не е ист како на децата порано кога повеќето одговараа на прашањето со одговорот, астронаут. Ова беше популарна професија пред 20-30 години :).

Да не навлегуваме во процентите, затоа што сепак се работи за мало истражување за кое не ги знаеме методите, но сепак го пренесуваме поради тоа што резултатите изгледаат многу точни за ова модерно време.

Според резултатите, децата во денешно време повеќе сакаат да бидат професионални „јутјубери“, односно да имаат свој видео блог, а децата кои се’ уште би сакале да бидат астронаути е значително намален.

Интересно е што овие резултатите се само за САД и Британија, додека во Кина желбите на децата се останати исти, барем кога е во прашање желбата да се биде астронаут.

Овие резултати доста покажуваат за општеството и менталитетот кои се карактеристични за денешното време. Децата едно време сонуваа да бидат нешто кое не е директно поврзано со слава, со внимание, туку со некоја замисла за истражување на нешто што изгледало скоро невозможно.

Денешните деца, барем голем дел од нив, ги интересира да бидат познати. Ова секако е резултат на интернетот, друштвените мрежи и слично, кои им овозможија на повеќето да „живеат“ животи како луѓето кои ги имаат гледано на телевизија.

ИЗВОРCNBC
Претходна статијаReon Pocket од Sony е преносен „клима уред“ кој се носи во посебно направена маичка
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy A50s и Galaxy A30s
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.