Samsung оваа недела ги претстави подобрените верзии од нивните Galaxy A50 и Galaxy A30 модели кои беа претставени во февруари оваа година. За овие два модели може слободно да се каже дека се едни од подобрите во својата класа, уреди кои дури и мене ме замислија за потребата во денешно време да се плаќа за телефон од највисоката класа, нешто што го правам цело време.

Телефоните, со оглед на тоа што доаѓаат на помалку од 6 месеци од нивните претходници, се еден вид на помала надградба која ги задржува во игра со конкуренцијата, односно тие не донесуваат промени кај сите нивни карактеристики.

Промените во главно доаѓаат кај камерите, а уште поинтересно е воведувањето на геометриски форми и холограм ефекти на боите на задната страна, што ги прави многу подобри на изглед.

Камерите, кои повторно се три на задната страна, вклучуваат сензори со 5, 48 и 8 мегапиксели кај A50s, како и сензори со 5, 25 и 8 кај A30s. A50s исто така добива и подобрена предна камера која сега има 32 мегапиксели.

Новина е исто така сензорот под екранот којшто сега доаѓа и кај A30s моделот, па сега корисниците ќе можат да го отклучуваат својот телефон со палецот, повторно, без разлика за кој модел ќе се одлучат.

Инаку, двата модели доаѓаат повторно со Infinity-U екранот, којшто според мене е најдоброто решение кога се во прашање екрани со исечок. Тој е на средната на екранот во горниот дел, но е поврзан со горната рамка, нешто што одлично го вклопува во остатокот од телефонот.

Карактеристиките на двата уреди можете да ги видите на следните две слики од Samsung.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2GSM Arena
Претходна статијаДецата денес повеќе сакаат да бидат „јутјубери“ отколку астронаути кога ќе пораснат
Следна статијаКои се новинарите од “Аксиос“ и зошто нивната уредничка политика толку многу го нервира Доналд Трамп?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.